ДОЗНАЈТЕ И СЛУШНЕТЕ КОЈА Е НАЈ СЛУШАНАТА ПЕСНА ВО 2023/24 ОД ТУМБА ФЕСТ!!!

Please follow and like us:
Pin Share

Песната која на прво слушање влегува во уши, песна која ја слушаш и повторно сакаш да ја слушаш, песна со необичен аранжман! Едноставно, тоа е НАЈ СЛУШАНАТА песна помеѓу два фестивала Тумба Фест, насловена како ,,ОЖЕНИ СЕ СИНЕ”. Во духот на шегата, а испеана вистината! Една мајка го советува својот син да се ожени, но на синот многу по ,,сладол” му е боемскиот живот! Песната е во изведба на Влатко Алексовски, придружуван од бапчорки во улога на мајка. Автор на текстот е Влатко Алексовски, музика: Влатко Алексовски и Професор Игор Трајковски, а аранжманот е на Професор Игор Трајковски. Песната е во ритам на традиционалната Паланечка тројка, а аранжмански преобладуваат народните инструменти: гајда, тамбура и тапан. Песната беше изведена на минатогодишниот Тумба Фест, а на овогодинешното издание беше прогласена за нај слушана песна помеѓу два фестивали. Мерило за слушаноста се илјадниците прегледи од медиумски настапи, а пред се видеото креирано од ИНТВ. Влатко запрашан за впечатокот од наградата изјави: -Ова е наградата која ја посакува секој уметник, пејач, изведувач! Награда која покажува дека песната ќе живее и ќе се онароди! И благодарам на публиката и на медиумите кои и дадоа медиумски простор да допре до публиката, а пред се благодарност до ИН продукција, како и организаторите на Тумба Фест. Во продолжение линк од песната:

Please follow and like us:
Pin Share