Летен фолк хит на ИН ТВ – песна и дружба за мерак

Please follow and like us:
Pin Share

Преубава јулска ноќ со 20 познати рефрени , 40 прекрасни артисти, распеана публика и многу македонска музика, мерак слика на летната сцена на ИН Продукција. Се ова можеше да го видат изминатата вечер  присутните на изборот на летниот фолк хит на ИН ТВ. Фестивалска дружба на нашите пеачи од помладата генерација и на оние кои сцената и публиката ја имаат со години. Идејата на ИН продукција беше што повеќе да се слуша македонска музика , релаксирана комуникација на уметниците  и поттик за авторите уште повеќе да творат македонска народна песна. Патриотски, печалбарски, љубовни, свадбарски рефрени, приказни од животот, за одлично расположение на сите. Учествуваа следните артисти:

1.АЛЕКСАНДАР АЦЕ ТАЛЕСКИ ” СВИРЕТЕ МИ ТРУБАЧИ”

2.ДАРКО КОЦЕВ ” ТАГАТА РАНАТА”

3 .ЗОРАН ДАЛЧЕСКИ “НЕ КУДЕТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА”

4.  ЈУЛЕ НИКОЛОВСКА ” ЖЕНА КРАЛИЦА”

5. ЃОКО ДИЧОСКИ “МОРИ МОМЕ МАЛОЈ МОМЕ”

6. ЏЕК ДАНИЕЛ “ЛАЖНА ВИСТИНА”

7.ЛЕНИ ПАРТИКОВА ” СЕНКИ ДВЕ ВО НОЌТА”

8.НИКОЛА СТАНИШИЌ “ЕДИНСТВЕНА”

9.ЗОРИЦА ДОНЧЕВ ” СЛОБОДНА”

10. БОБИ АМАДЕУС “СВАДБА МАКЕДОНСКА”

11. ВАСИЛИЈА ПЕТРОВА “НИКОЛА”

12. ФАНТАСТИК БЕНД “МЛАД НА ПЕЧАЛБА”

13. ТАШКО КАРАНФИЛОВСКИ И АСТРА БЕНД “БЕКРИЈА МЕРАКЛИЈА”

14. ВУКИЦА И “ЕКСТА БЕНД” ” КРАЛИЦА”

15. БЛАГОЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ТУШЕ и “ИМПЕРИАЛ” ” БИДИ СРЕЌЕН СИНЕ МОЈ”

16. САЊА БАРБИ ЦИНЦЕВА ” СРЦЕ БАЛКАНСКО”

17. ГРУПА АЛТЕРНАТОР “МАЛИНА”

18. АНАСТАСИА МИТРОВСКА “ДОЈДИ МИ НА ВЕЛИГДЕН”

19. ЕЛЕНА И ЛАЗАР  НАУМОВИ “ГОДИНА ПО ГОДИНА”

20.БЛАГОЈЧЕ ТОДОРОВСКИ ЗДРАВЕ МЈУЗИК “НЕМА ТРИ НЕМА НИТУ ЕДНА”

Гласовите од публиката одлучија победник да биде Благојче Стојановски-Туше и група “Империјал”, втор Ташко Каранфиловски и група “Астра” и трет Зоран Далчески. Поголемиот дел од учесниците растеретени од награди се забавуваа зад сцената, беа толку моќни и вокално и инструментално што ги распеаа сите. Највесел беше  неуморниот Робертино Стефановски кој везеше на неговата хармоника. Продукцијата на сите учесници им додели признанија според впечатокот од песната и настапот. Александар Аце Талески доби признание за најтрубачка песна. Песната на Дарко Коцев “Тагата- раната” беше прогласена за најнародна на фестивалот.Јуле Николовска диби признание за најдобра кантавторска песна. М-р по оперско пеење Лени Партикова доби признание за најдобра интерпретација ,  а Сања Барби Цинцева за најдобар сценски настап. “Малина” од  група “Алтернатор ” беше прогласена за најфестивалска песна, а момците од “Фантастик бенд” добија признание за најпечалбарска песна. Ѓоко Дичоски за најтрубадурска песна, Џек Даниел за најдобра балада, а младиот Никола Станишиќ за најдобар поп-фолк рефрен. Зорица Дончев за најатрактивен настап, Боби Амадеус за најсвадбарска песна, Василија Петрова за најдобар изведувач од друга земја.Струмичаните Вукуца и “Екстра бенд”и нивната “Кралица” за најдобар рефрен. Песната “Година по година” на Елена и Лазар Наумови беше прогласена за најемотивна, а на Благојче Тодоровски и  “Здраве Мјузик ” за најмераклиска. Анастасиа Митровска според ИН продукција ја испеа најљубовната песна на фестивалот. Ги обедини овој фестивал нашите пеачи од Македонија и  оние кои живеар во странство . Вчера вечер на  летната сцена на ИН продукција присутните ја  верифицираа љубовта кон мајчината песна. Како гостин во ревијалниот дел настапи секогаш атрактивната Елена Велевска , која ја забавуваше публиката како што  таа  најдобро умее. Водител на фестивалот беше Анита Даева која секогаш знае да ја подигне атмосверата со нејзината позитуива, енергија и говор. Според зборовите на Ване Петкоски првиот човек на ИН  продукција и следната година изборот на летен Фолк хит на ИН продукција е отворен за учество на сите кои ја сакаат македонската песна и опуштената атмосвера со колегите и публиката. Фестивалот премиерно ќе оди следниот викенд на ИН ТВ.

Please follow and like us:
Pin Share