Осум прекрасни македонски деца ја истрчаа финалната музичката трка од третата сезона на македонското талент шоу.Четворица вокалисти и четворица инструменталисти. Дамјан Кондоски 8 години од Битола, Давид Неданоски 11 од Ресен, Стефанија Костадинова 14 од Свети Николе и Даниел Рунчевски 13 од Ресен. Со своите инструменти финалето го збогатија битолчаните Илија Неделковски 15 години, Теодор Николовски 12 и Огнен Радуловиќ 13, Ѓорѓи Терзијевски 12 и Марко Стојкоски 12 од Кичево.Публиката воодушевена од талентот на овие деца, имаше можност да гласа за својот фаворит. А победникот го одбра стручното жири од нашите еминентни уметници Лени Партикова м-р по оперско пеење, д-р Гоце Џуклески и Александар Ицов м-р по народни инструменти. Силна конкуренција , голема возбуда и распеана ноќ, така беше на финалето на децата таленти кое го гледаме премиерно утре на ИН ТВ во 14.00 часот. Како гости деца пеачи беа две македонски чеда кои се родени и живеат во Австралија. Веќе познатата Кајла К која до сега има снимено 3 авторски песни и е омилена меѓу нашинците во Австралија и нејзиниот врсник 15 годишниот Петар Дамчески кој одлично плива во музичките води.Тој освен со својата најнова песна ,настапи и во дует со Лени Партикова.