Второ полуфинале за прво финале

Please follow and like us:
Pin Share

Прекрасен амбиент на летната сцена од ИН ТВ непосредно до Охридското езеро, расположени кандидати и распеани артисти, во една реченица сублиматот од снимањето на втората полуфинална емисија од макединското талент шоу. Тројца натпреварувачи , тројца членови на жири комисија, испеаја и оценија по 2 нумери. Одличниот вокал на “Академци” Даце Николовски, музичката икона Анета Љумаковска и новинарката од Австралија Сузана Гонева и во оваа втора полуфинална емисија беа музичките “судии”. Лоренцо Трајановски од Делчево, Јасмин Идризовиќ од Скопје и Христијан Алексоски од Прилеп успеаја да стигнат до полуфинале, а дали тој успех ќе го повторат и за влез во финале гледаме утре на ИН ТВ во стандардниот термин 14.00 . До големото финале кое ќе се снима на 10 јули останува да го проследиме настапот на уште седуммина кандидати . До сега 4 обезбедија финален настап. Од ИН продукција на големо се подготвуваат за финишот од третата сезона. Македонската музика е императивот во ова шоу без оглед дали е народна или забавна.

Please follow and like us:
Pin Share