Првите финалисти си го отпеаа своето

Please follow and like us:
Pin Share

На летната отворрна сцена на ИН ТВ  се сними првото полуфинале во кое  натпреварувачите требаше за добијат виза за финалето од нашите врвни артисти, златни грла  Анета Љумаковска и Даце Николовски , како и од водителката гостинката од Австралија Снежана Гонева. Одлична атмосфера и да се пее и да се оценува. Освен учесниците на сцена ќе ги видиме и младите битолчани Софија Пуровска и Никола Зацевски , кој е дипломиран оперски пеач, а на ” Валандово 2024″ го освоија второ место од стручното жири и публика со нивната”Љубовта е оган”. Женскиот вокален состав ” Ѓердан ” од Штип се претстави со две нови преработки на традиционални песни. Секогаш расположениот Даце Николовски премиерно на ИН ТВ ја отпеа валандовската  “Мерак живот балкански” и ја разигра публиката. За прв пат на ИН ТВ  Анета Љумаковска ја изведе  “100 по Рихтер” нејзината последна песна  . Во првата полуфинална емисија во третата сезона од македонското талент шоу настапија:  Благица Велјаноска од Прилеп, Армин Ајроски од Дебар, Кристина Јованова од Воиславци и Горјан Ристов од Подареш. Публиката си навиваше за своите фаворити, се пееше , играше , уживаа сите. Според зборовите на продуцентот Ване Петкоски до финалето со денешната ќе гледаме вкупно четири емисии. Полуфиналистите поточно нивниот број за влез во финале не е стрикно определен. Кој од овие четворица кандидати станаа финалисти дознајте денеска, во 14.00 на ИН ТВ.

Please follow and like us:
Pin Share