Aнгелскиот глас на чупето од Добрушево со нова песна за Велигден

Please follow and like us:
Pin Share

“Дојди ми на Велигден” е првата авторска песна на  Анастасиа Митровска зад која се потпишуваат Димитар Митровски како композитор и аранжер и Анита Даева како автор на текстот. Премиерно со спот на кој работеше Ване Петкоски и ИН продукција песната ќе биде пуштена на празникот над празнците Велигден. Инспириран од гласот на Анастасиа , Димитар ја сиздаде мелодијата, а Даева познавајќи ја нежнотијата на вокалот на Анастасија напиша зборови кои раскажуваат љубов и надеж како што е Велигден. Аудио продукцијата е дело на Ангел Ќосев , “Дојди ми на Велигден”  се снимаше во неговото студио “Подрумот” во Скопје. Приказната со слика е раскажана во сокаците и покрај езерската унавина на Охрид, а Анастасија плени со силината на вокалот и нејзината кревкост како појава. Талентот на матурантката Анастасиа е воочен кога таа ги имала години на многу мало дете, а генот си го направил своето, бидејќи потекнува од семејство во кое сите се поврзани со музиката и песната. Англскиот глас,  постојаната работа  и усовршување во интерпретацијата публиката имаше можност да го слушне и следи во Македонското тлент шоу кое оди на ИН ТВ,  а Анастасиа беше победничката во првата сезона. Таа и нејзинио тим се задоволни од сработеното, а ние се надеваме дека истото чувство ќе го има и публиката веќе во недела кога ќе ги видим премиерно спотот со првенчето на Анастасиа “Дојди ми на Велигден” Нашата редакција и посакува многу среќа и успешна кариера, и песни на кои гласот на Анастасија ќе им даде бессмртност.

Please follow and like us:
Pin Share