Да се љуби музиката и песната со сите сетила најдобро покажуваат младите уметници од ” Здраве мјузик “. Нивната приказна започна од градот историја , од недогледот на езерската убавина на Охрид кој е инспирација за секого, а најмногу за уметничките души. Зад “Здраве Мјузик” првично се потпишуваа браќата Бојан и Дарко Здравески. Кон оваа силна братска двојка со својата харизма и енергија се приклучи и ресенчанецот Благојче Тодоровски кој со својот специфичен вокал “се залепи” за хармониката на Бојан и кларинетот на Дарко.
Благојче беше финалист од втората сезона на македонското талент шоу и од тука е познанството и дружбата со браќата Здравески кои беа и тогаш и се уште се дел од оркестарот на шоуто. Паралелно како што работеше ова трио , снимајќи ја песната “Нема три , нема ниту една”, која ја компонираше Бојан за деби настапот на Благојче на Роса Фест годинава, четврт член на “Здраве Мјузик” стана охриѓанецит Горан Андреевски перкусионист и тапанар. Од скоро и официјално најнов член е и младата Марија Јосифовска од Кавадарци која исто така беше финалист на македонското талент шоу , уште еден одличен вокал со што “Здраве Мјузик” се комплетен состав кој може да ги задоволи вкусовите и на најпребирливите. Младоста , полетноста и желбата за работа е на страната на” Здраве Мјузик” а искуството ќе го стекнуваат со секоја заедничи потрошее.на или подобро кажано исполнета минута со убава песна.
Им подакуваме долго да траат и на далеку да се слушаат. Викендов тие имаа фитосесија за која го ангажираа продуцентот на ИН ТВ Ване Петкоски, а наскоро сработеното ќе го видиме сите.