И љубов и песна во најновата емисија од македонското талент шоу

Please follow and like us:
Pin Share

Тие се поврзани и со песната и со љубовта,  но и со медицината.  Двајцата потекнуваат од радовишкиот крај. Кристина Јованова 19 години, од село Воиславци ,   студент по физиотерапија на  универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип. Вториот кандидат е Горјан Ристов 24 години од село  Подареш,  студент по општа медицина на универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип.  Вљубени, распеани , за нив жири комисијата која го имаше истиот состав како и во минатата емисија не штедеше пофални зборови . Билјана и Борис Димови и Александар Ангелов уживаа во нивниот настап, Борис во еден момент му се обрати на Горјан со зборовите : ” Ти си Горјан крал но без Кристина си крал без круна како што сум јас без Билјана”. Аце од ” Дрим Тим” ја запали атмосферата со негивиот кларинет.Во краткиот разговор посочи  дека групата оваа година слави четврт век кој ќе го одбележи со голем концерт. Многу песни, насмеани лица и оваа сабота во 14.00 на ИНТВ.

Please follow and like us:
Pin Share