Почнувајќи од ноември ја следиме третата сезона од македонското талент шоу , која ќе финишира кон почетокот на летото. А трката до финалето ја продолжуваат најдобрите. Ги има од цела Македонија а во сабота ќе видиме кои од тројцата кандидати ги освоија гласовите на жирито. За влез во четврт финалето пееја Благица Велјаноска од Прилеп, Армин Ајроски од Дебар и Лоренцо Трајановски од Делчево . Нивниот настап и интерпретација ги оценуваа уметниците кои зад себе имаат долга музичка километража. Билјана и Борис Димови кои се врвни во својата професија, каде што е одличната забава таму се тие, духовити, вредни, сложни. Со струмичаните Димови дојдоа и момците од нивниот бенд “Астрион” со кој се заедно 22 години. Во жирито беше и виртуозот на кларинет кој секогаш е позитива , насмеан, ведар Александар Ангелов , Аце “Дрим Тим”. Со нивната музика направија во сабота да гледаме уште една весела емисија. Премиерата е утре во 14.00 на ИН ТВ, а во 18.30 на ТВ Сонце.