Ѓоко Јовиќ најавува музички проект со неговите деца Теодора и Михаил

Please follow and like us:
Pin Share

Дека крвта не е вода, доказ се децата на еден од најдобрите машки вокали во нашата земја, Ѓоко Јовиќ. Љубовта кон музиката ја наследиле од својот татко, а Ѓоко на социјалните мрежи често споделува заеднички видеа на кои никој не би останал рамнодушен.

Неговите деца, уште од мали нозе важат за големи музички таленти, секако целиот тој талент е наследен од нивниот татко кој важи за еден од најпознатите пејачи во земјава и кој што поседува доста моќен вокал.

Ѓоко Јовиќ во интервју за ИН ТВ открива дека во најскоро време заедно со неговата ќерка Теодора и синчето Михаил ќе ја изненадат јавноста со заеднички проект кој ќе се состои од сплетови со различен вид музика.

-Имаме да, навистина сакаме јас, Теодора и поголемиот син Михаил да направиме нешто интересно, но не знам зошто се одолговлекуваат работите. Сакаме да направиме нешто во стил, Теодора да пее странски песни, Михаил да пее од Лозано и други пејачи, јас да си ги пеам моите песни, но да биде еден убав сплет. Сега имаше проблеми и со студиата, им беше малку забрането да се работи и затоа малку се пролонгира сето ова. Но, се надевам дека за брзо време и тој проект ќе се заврши.-изјави Јовиќ за гледачите на ИН ТВ.

Пред извесно време Ѓоко и неговата ќерка Теа, снимија кавер на познатиот хит “Ципеле”, кој беше одлично прифатен од јавноста.

Во едно сме сигурни. Ѓоко е навистина горд татко, бидејќи има кој да го наследи, а повеќе од јасно е дека Теодора, Михаил, но и малиот Јоан ќе тргнат по неговите стапки. И не за џабе рекле, кој пее-зло не мисли…

Please follow and like us:
Pin Share