Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд подготвуваат одлична преработка на стара македонска песна

Please follow and like us:
Pin Share

Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд периодов подготвуваат преработка на позната македонска песна. Ѓоко вели дека оваа преработка ќе добие и спот, а за следниот период најавува уште неколку нови авторски песни.

Познатата Македонска песна “Море сокол пие”, јавноста во најскоро време ќе има можност да ја слушне во изведба на Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд. Како што открива Јовиќ во интервју за ИН ТВ, за оваа преработка ќе биде снимено и официјално видео.

-Моментално работиме на една наша стара Македонска песна која е насловена Море сокол пие. Таа е веќе снимена во студио, се е средено. Сега се работи на нови идеи како да го направиме тој спот. Тоа е со бендот.

Имам јас мои песни за кои со Ване планираме нешто интересно, поточно за моја нова песна за која што планираме за брзо време да го снимиме тој спот. Го чекавме ова време малку да залади и еве времево е баш убаво за снимање, така да мислам дека за брзо време и тој проект ќе се оствари.-истакна Јовиќ, за естрадниот магазин Естрада плус.

Ѓоко пред неколку месеци објави две песни заедно со видеа. Станува збор за песните “Ти си моја жена” и “Ѕвезда најсветла”, кои засега одлично котираат кај јавноста и се доста барани и слушани.

-Ако ме прашувате мене, јас сум презадоволен од песните. Ти си моја жена многу убаво котира на тој пазар, многу ја бараат. Исто и Ѕвезда најсветла, иако оваа песна ја пуштив во етер баш во оној момент кога се прогласи пандемијата. Мене тоа никогаш нема да ме плаши, ни понатаму, што и да се случува мене не ме плаши. Ние кога имаме готов материјал, објавуваме, јас објавувам од срце, а не поради тоа само да има гледаност. Јас сакам песната да биде слушана и да се бара. Јас сум презадоволен од тие две песни, за Ти си моја жена би сакал да кажам дека е доста барана на моите настапи.-вели познатиот пејач за гледачите на ИН ТВ.

Кога станува збор за корона кризата, Јовиќ вели дека оваа ситуација доста лошо влијае врз нив музичарите, но и врз сите оние кои се засегнати од забраната за одржување прослави надевајќи се дека се ќе помине во најскоро време.

Please follow and like us:
Pin Share