Фолк пејачот Марјан Коцев ќе учествува на Роса Фест

Please follow and like us:
Pin Share

По одличниот настап на Тумба Фест каде што настапи со песната “Жута љута”, Марјан Коцев најавува уште еден фестивалски настап. Следен за него е Роса Фест.

Фолк пејачот Марјан Коцев, изминатиот период имавме можност да го видиме на Изборот на Летен Фолк Хит во Општина Новаци, но и на годинешното издание на Тумба Фест каде што настапи со песната “Жута љута”. Марјан вели дека до крајот на годинава преостанува уште еден фестивалски настап, овој пат на престижниот Роса Фест.

-Па уште Роса Фест кој ќе се одржи последниот викенд од месец ноември. Ја смислувам песната, уште не е готова, но ќе се скоцка нешто. Имам нешто во фиока, ако дојде нож до коска има џокер. Така да, тој ќе биде последен фестивалски настап за оваа година. Потоа да видиме што ќе биде после Нова Година, дали ќе има некое подобрување со музиката насекаде. Малку да бидеме порелаксирани па ќе видиме, лека полека.-вели Коцев во интервју за ИН ТВ.

Инаку, текстот за песната “Жута љута” го напиша Снежана Николовска, а музиката и аранжманот се дело на Игор Трајковски.

Со оглед на тоа што песната е со хумористично-сатиричен текст, Марјан се надева дека ќе помине добро кај јавноста.

-Се надеваме на добро, на позитивност. Сега малку времето ни е климаво, но ете од таков карактер каков што е и самиот фестивал, се надевам дека ќе помине добро.-додава Коцев за Естрада плус.

Please follow and like us:
Pin Share