(ВИДЕО) “Броз” и “Ансамбл Билјана” ја промовираа “Боемска”

Please follow and like us:
Pin Share

После песната “Каде ми си ти” која беше одлично прифатена од јавноста, Охридските музичари од бендот “Броз” и “Ансамбл Билјана” објавија уште една заедничка песна насловена “Боемска”.

Песната ја претставија деновиве заедно со доста интересно и уникатно видео, снимено во водите на Охридското езеро.

-Деновиве треба да излезе, односно веќе е готова новата песна со Броз, значи во тој стил како што е Каде ми си ти. Се надевам дека ќе биде добро прифатена од публиката како и претходната песна и се надеваме дека ќе имаме уште соработки со Броз бидејќи енергијата ни плива заедно, па можеме да дадеме нешто добро за публиката.-истакна за естрадниот магазин Естрада плус, Јован Поп-Стефанија, еден од членовите на “Ансамбл Билјана”.

Јован не го криеше задоволството од соработката со “Броз” надевајќи се дека во иднина ќе произлезат уште неколку заеднички песни. Тој во интервју за ИН ТВ раскажува како започнала нивната заедничка музичка приказна.

-Соработката започна благодарение на Владимир Сарафилоски, го поздравувам од студиото на ИН Продукција. Тој го напиша текстот за песната Каде ми си ти, каде што се споменува Што би рекле и колегине од Билјана”, тоа е од “Охридска приказна”, наша авторска песна од фестивалот Гоце Фест од 2014-та година и бидејќи се спомнувавме во песната како Ансамбл Билјана, дојдовме до идеја заедно да ја обработиме. Помина одлично песната, сепак Броз е еден бенд кој што негува таков начин на изразување, нивниот сценски настап, нивното однесување со публиката е поразлично од другите бендови и имавме можност и желба да се вклучиме и излезе одлична соработка во 2018-та година.-додава тој, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, “Ансамбл Билјана” пред само краток период заедно со нивните музички пријатели одржаа одличен Езерски концерт од крајбрежјето на Охридското езеро, во чест на нивниот колега, прерано починатиот член на “Ансамбл Билјана”, Андреј Лаброски.

Во продолжение уживајте во видеото за “Боемска” !!!

 

Please follow and like us:
Pin Share