ОБОЖАВАТЕЛКА КОН АДЕЛ: КАКО ДА МУ ОБЈАСНАМ НА МОЕТО ДЕТЕ ДЕКА НЕ ЛИЧИШ НА СЕБЕ?

Please follow and like us:
Pin Share

Една од најпознатите пејачки во светот, англиската пејачка Адел во последните неколку месеци ослабе повеќе од 50 килограми и денеска изгледа навистина непрепознатливо, а тоа не им се допаѓа многу на нејзните фанови.

Една нејзина обожавателка и испрати доста емотивна порака…

Имено, една од нејзините најверни обожавателки се вознемирила, бидејќи нејзините ќерки не можеле да ја препознаат на телевизија, па поради тоа на социјалните мрежи го напиша следното:

– Имам две ќерки, а се борам поради тебе. Не те препознаа воопшто. Како им го објаснам тоа? Изгледаш болно… Жал ми е. Дали си добро? Толку сум разочарана… Ти си прекрасна личност, но јас сум збунета како да им објаснам на моите ќерки дека повеќе не личиш на себе? – напишала обожавателката.

Овој коментар ги насмеа останатите корисници на социјалните мрежи, но и странските медиуми, кои нејзиниот коментар го пренесоа на своите портали. Многу фанови застанаа во одбрана на пејачката, кои кажаа дека нема зошто да се извинува поради тоа што го добила посакуваниот изглед и дека сигурно сега се чувствува поздраво од порано.

Please follow and like us:
Pin Share