Влатко Алексовски : Ловечката Федерација на Македонија успеав да ја зачленам во Светската Организација

Please follow and like us:
Pin Share

Покрај бројните ангажмани поврзани со музиката, фолк пејачот Влатко Алексовски во текот на минатата година имаше и доста активности со Ловечката Организација бидејќи е претседател на Ловечката Федерација на Македонија.

Како што вели во интервјуто за ИН ТВ, Влатко успеа да ја зачлени Федерацијата во Светската Ловечка Организација, а воедно и да ја претстави Македонија во најдобро светло.

-За оние кои што не знаат јас сум претседател на Ловечката организација на Македонија. Во текот на 2019-та година покрај големиот број музички активности имав големи активности и со Ловечката Федерација, после долги години ја зачленив во Светската Организација, значи ја извадив од онаа анонимност на внатрешен и меѓународен план. За волја на вистината успеав водечките луѓе на Светската Организација по зачленувањето во декември 2019-та да ги убедам дека нашата Македонија е прекрасна земја и дека е одлична дестинација за 21-от Форум на Светската Организација го одржиме токму во Македонија и тоа се случи кон крајот на месец февруари. Една недела нивните главни претставници на ловство беа тука гости во Македонија. Прекрасно искуство, едно прекрасно дружење, денови кои важат многу за ловството во Македонија и од кои ќе произлезат многу идни проекти во кои ќе биде вклучена Ловечката Федерација, а тоа ќе овозможи одлична афирмација и на Македонија како држава, но и афирмација на Македонското ловство.-раскажува Алексовски во интервјуто за ИН ТВ.

И на музички план и на полето на ловството Влатко вели дека има бројни активности за следниот период. Со оглед на тоа што ќе следуваат и голем број Меѓународни проекти, тој се надева дека ќе има бурен период и на двете полиња.

 

Please follow and like us:
Pin Share