За време на изминатиот карантински период поради пандемијата на коронавирусот нашите македонски музичари снимија голем број кавери на песни кои ги претставуваа на социјалните мрежи.

Едни од нив се и момците од Група Динамика кои направија карантинска преработка на познатата македонска песна “Ако згрешам нека изгорам”, а за нивната изведба добија бројни позитивни коментари од нивните следбеници.
-Па имавме едно видео снимивме за една македонска песна, како и сите така си рековме ајде да направиме и ние нешто. Песната е “Ако згрешам нека изгорам”, а гледачите ја прифатија доста добро. Имаше добри и позитивни коментари, мислам дека сработивме како што треба со оглед на коментарите на луѓето.-истакна Никита Дуковски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Со оглед на тоа што веќе мерките за заштита од Ковид 19 се олабавија, овие млади, но искусни музичари започнаа веќе со нивните проби. Тие се надеваат дека во најскоро време ќе започнат и со нивните настапи, со цел да надокнадат за сите оние свирки и ангажмани кои што ги изгубија во претходните неколку месеци.
-Сега на сите ни е лесно, интернет мрежи, комунициравме преку групи, пишувавме нови материјали секој си вежбаше посебно дома, па сега откако се олабави ситуацијата и затоа почнавме проби да одржуваме. Се надеваме дека ќе се реши што поскоро ова за да почниме да си работиме нормално. Изгубивме доста настапи и не само ние туку и нашите колеги изгубија многу.-додава тој во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, деновиве Група Динамика снимија нов видео проект во студиото на ИН Продукција. Ова за нив е трет по ред музички проект кој се состои од македонски народни свадбарски песни.
Во продолжение погледнете го нивното карантинско видео !
