Младиот пејач Мартин Ангелевски најпрво ги изучувал тапаните

Please follow and like us:
Pin Share

Мартин Ангелевски е млад пејач, кој деновиве ја промовираше неговата прва песна. Тој во интервју за ИН ТВ открива кои се неговите почетоци со музиката.

Младиот пејач Мартин Ангелевски деновиве во студиото на ИН Продукција ја претстави неговата прва песна која носи наслов “Мелем за срце скршено”. Музиката и аранжманот се на Кирил Стојчевски од Битола, текстот е на Валентин Соклевски, а снимена е во студиото ПРОСАУНД кај Славко Ристески во Прилеп.

Тој за Естрада плус раскажува околу неговите почетоци во музичките води.

-Моите почетоци беа кога започнав да тропам на тапани, тие ми беа првиот инструмент и бев запишан во класата на професорот Зоран Ристески во Музичкото училиште во Битола. Потоа започнав со пеењето. Сега веќе повеќе од година дена се занимавам и професионално со музика.-вели Ангелевски.

Мартин вели дека засега нема свој бенд, но планира да оформи во текот на следниот период бидејќи сака да биде комплетен околу остварувањето на неговите ангажмани. Тој раскажува како му поминал периодот на изолација.

Периодот на изолација го поминав со подготвување на мојата прва песна. Доста често снимавме и карантински видеа со другари, пријатели, музичари, колеги.-додава тој.

Мартин се надева дека перидов ќе има можност да подготви уште една песна која што повторно ќе биде во соработка со неговиот професор Кирил Стојчевски. Како што вели тој во интервјуто веќе работат на нов материјал кој би требало да се промовира во најскоро време.

Please follow and like us:
Pin Share