Одличен почеток на новата 2020-та година за Мирослав Мирчески. Бројни настапи, но и победа на Гоце Фест. За следниот период Мирослав најавува нови песни.

2020-та година започна одлично на музичко поле за младиот и талентиран пејач Мирослав Мирчески. Покрај бројните настапи кои ги имаше периодов во различни краеви низ Македонија, тој беше и победник на годинешното издание на Гоце Фест со песната “Македонски гордооди”.
-2020-та започна убаво, со бројни настапи низ нашата земја во различни региони. Претежно сум во Кичевскиот, Струшкиот, Охридскиот и Битолско-Прилепскиот регион, таму сум сега засега, а за во иднина се надеваме дека ќе биде пошироко од Македонија и низ дијаспората. Тука е и настапот на Гоце Фест, првпат настапувам на овој фестивал и оваа вечер во оваа 2020-та година со нетрпение ја чекав за да ја претставам мојата песна “Македонски гордооди”, сепак тематиката е патриотска и мислам дека Гоце Фест е идеалното место за промоција на ваква песна.-истакна Мирчески во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Инаку, Мирослав веќе си има и свој бенд со кој што настапува низ локалите, но и семејните прослави. Станува збор за бендот “Алгоритам”, составен од неколку млади, но доста искусни музичари.
-Веќе имам свој бенд, бендот “Алгоритам”, Костадин Крстески на хармоника, Даниел Божиноски на саксофон, Стефан Симјаноски на тапани, Борјан Кралески на клавијатури.-додава тој, за естрадниот магазин Естрада плус.
Мирослав зад себе има шест авторски песни, а во интервјуто за ИН ТВ најавува уште две нови песни кои што ќе ги промовира во периодот кој следи.
Во продолжение погледнете го победничкиот настап на Гоце Фест !
