Пејачката Ана Николиќ наводно ја раскинала својата врска со црногорскиот бизнисмен Бошко Буквиќ и одлучила да се посвети на своите работни обврски и ќерката Тара.

Николиќ и Буквиќ одлучиле да се разделат на мирен начин и да останат во пријателски односи.
Тие не сакале да се експонираат како пар, ниту да ја признаат врската, па токму на таков начин и се разделиле, мирно и без многу врева.
Ана неодамна заедно со црногорскиот бизнисмен уживаше на Тајланд, а потоа пејачката заедно со својот тим на соработници отпатува во Мароко каде снимаше спот за своја нова песна.
За потсетување, Ана и Бошко својата врска ја започнаа пред неколку месеци, а се запознале во еден ресторан.
