Дино Мерлин и Сенидах снимија дует

Please follow and like us:
Pin Share

Дино Мерлин пред месец дена сними дуетска песна со Сенидах која светлината на денот ќе ја здогледа многу наскоро.

Иако на прв поглед е тешко да се замисли дека овие двајца пејачи може да се спојат, тие пронајдоа заеднички јазик, а тоа е секако музиката.

Текстот за песната го напиша Мерлин, а со помош на неговите луѓе со кои тој работи сите овие години, дошол до идеја да ја повика Сенидах.

-Дино напиша текст за дуетска песна и по сугестија на неговите луѓе ја викнал Сенидах за да ја отпеат заедно. Тие му сугерирале дека таа е вистинската личност со оглед на тоа што промовира некој нов правец во музиката. Секако, Мерлин ќе остане доследен на неговиот правец и нема да менува. Текстот е во негов стил, но има малку и модерен звук. Може да се каже дека се спои невозможното и дека резултатите се повеќе од позитивни, вели изворот и додава:

-Спотот го снимија во Истанбул и ќе излезе за десетина дена. Кога ќе видите што овие двајца пејачи направија и како го споија она што ни со зборови не може да се спои, ќе сфатите дека музиката е таа која не спојува сите нас. Многу интересна песна со примеси на нов модерен звук, посебно нов кога е Мерлин во прашање. Секако ќе биде нешто доста интересно, мешано старо и ново.-порачува изворот.

Да потсетиме. Мерлин во својата богата кариера сними повеќе дуетиски песни, а некои од нив се: „Јорговани“ со Весна Змијанац, „Ти си мене“ со Нина Бадриќ, „Да бог да“ со Хари Варешановиќ, „Годинама“ со Ивана Банфиќ, „Мед“ со Емина Јаховиќ, „Супермен“ со Жељко Јоксимовиќ…

Please follow and like us:
Pin Share