Здравко Чолиќ е рекордер кога станува збор за број на концерти закажани еден по друг.

Популарниот Чола закажа шест концерти во „Штарк Арена“ во Белград и продаде повеќе од 100.000 влезници и кога ќе се пресмета со нивната цена се добива огромна сума.
Најголемиот пејач во поранешна Југославија Здравко Чолиќ од шест концерти во арената ќе инкасира 2.400.000 евра, а од тие пари неговата чиста заработка е 1.800.000 евра, пишува српски Курир.
Бруто заработката по еден концерт е 400.000 евра со оглед на тоа дека се продавале по 18.000 влезници.

Од првата цифра треба да се одземе 10 проценти данок, трошоци за организација, изнајмување бина, озвучување, закуп на арената, танчери…
