Како изгледа Северина со розова коса?!

Please follow and like us:
Pin Share

Хрватската пејачка Северина Којиќ поминува низ тежок период бидејќи судот во Загреб донесе привремена одлука со која се одлучува таа го изгуби старателството над синот.

Имено, Северина ќе може да го гледа синот секој вторник  и четврток, а исто така и секој викенд. Таа не беше задоволна со оваа пресуда на судот, па поднесе жалба до судот.

Иако поминува низ тежок период, ѕвездата продолжува со својата турнеја која ја започна неодамна.

Во сабота со настапот во Словенија ќе ја заврши турнејата „Magic tour“. На концертите Севе носеше исти креации, ги менуваше неколку пати, но бојата на косата остана иста.

Меѓутоа, сега Севе на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во розова комбинација, а и бојата на косата и е розова. Инаку станува збор за перика, која пејачката ја искористи за нејзината фотосесија.

Некои од фановите го пофалија нејзиниот изглед, а некои истакнаа дека на жена која ќе наполни 50 години, не и одговара ваква боја.

Please follow and like us:
Pin Share