2019-та е една од најуспешните досега за “Харизма бенд”

Please follow and like us:
Pin Share

2019-та година е една од најуспешните досега за “Харизма бенд” и Ивана Наумова. 2020-та ќе биде уште поуспешна со оглед бројните ангажмани кои се отсега закажани.-откриваат од бендот.

“Харизма бенд” важат за едни од најпознатите, а воедно и најбарани музичари во земјава. Од неодамна, на бендот се приклучи Ивана Наумова која со нејзиниот прекрасен изглед, но пред се и извонреден глас допринесува тие да бидат уште попопуларни и поуспешни.

2019-та година веќе изминува, а од бендот велат дека оваа година за “Харизма бенд” е една од најуспешните, а со оглед на тоа што за следната година имаат веќе закажани ангажмани и нивната агенда полека се исполнува, се надеваат дека 2020-та година ќе биде уште поуспешна.

-Ние можеме да кажеме со задоволство дека 2019-та година е една од најуспешните за нас како бенд Харизма бенд и Ивана Наумова, а 2020-та ќе биде уште поуспешна, се знае уште отсега по закажаните настапи и ангажмани, однапред сме резервирани.-истакна Ѓорѓи Манев, еден од членовите на бендот.

“Харизма бенд” и Ивана најчесто настапуваат на семејните прослави, а тие се веќе резервирани и за Дочекот на Новата година. Најлудата Ноќ ќе ја поминат заедно со гостите во познатата винарија “Квин Марија” во Демир Капија.

-Нашите настапи се повеќе на приватни забави и свадби. За Нова Година сме токму на ова место Винарија Квин Марија во Демир Капија, што на наше задоволство тука ќе биде на 31-ви и 1-ви. После тоа сме на семејните прослави, свадби, крштевки.-открива Александар, машкиот вокал на “Харизма бенд” во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Пред само неколку денови, тие снимија нов видео проект кој се состои од два сплетови, едниот со добро одбрани свадбарски песни, а другиот сплет со кафански песни за душа. Проектот е подарок од нив за сите нивни фанови, но и за сите љубители на убавата песна.

 

Please follow and like us:
Pin Share