Дали го погледнавте и дали ви се допадна првиот спот на познатиот музичар Ицко Ѓорѓиовски за инструменталното дело “Етно Фанк”?!

Добропознатиот музичар Ицко Ѓорѓиовски го промовираше неговото првенче, односно спотот за интрументалното дело кое е насловено “Етно Фанк”, а каде што преовладува неговата хармоника.
Инаку, орото “Етно Фанк” е авторско дело на Ицо, а е снимено во студиото ПроСаунд кај Славко Ристески. Иако е ова негово првенче, тој очекува да биде добро прифатено од јавноста, а за следниот период најавува нови музички дела.
-Ова е мое прво оро и би сакал да кажам дека секоја нота е моја. Со помош на Славко Ристески и студито “Prosound Production”, мислам дека ќе се слушне дека е нешто квалитетно. Ова ми е првенче и сега сакам да редам уште дела понатаму. Имам многу идеи, но никогаш не сум се ангажирал вака многу сериозно. Сега се надевам дека ќе редам едно по едно и дека ќе стигнам до албум.-додава тој, за гледачите на ИН ТВ.
Во продолжение уживајте во видеото за “Етно Фанк” !
