Со песната “Дар од небото”, која е дело на Кирил Ничевски, Милован Секулоски освои втора награда од публика на Охрид Фест-Охридски трубадури.

Милован Секулоски важи за пејач кој доста често настапува на фестивалите кои се одржуваат низ нашата земја. Тој зеде учество и на годинешното издание на фестивалот Охрид Фест-Охридски Трубадури, каде што ја освои втората награда од публиката која што многу му значи.
Тој во интервјуто за ИН ТВ открива со кого ја работеше оваа фестивалска песна која носи наслов “Дар од небото”.
-Настапив на Охридски трубадури и освоив втора награда од публика што ми е навистина драга. Песната е насловена “Дар од небото”, автор на музиката е текстот е Кирил Ничевски, млад и перспективен музичар од Охрид, а аранжманот е на Ристо Крстевски, тој е музичар од Битола со кој што соработуваме долго време.-истакна Секулоски за гледачите на ИН ТВ.

Милован пред само краток период во хотелот Нова Ривиера во Охрид, пред многубројните пријатели и музички соработници одржа официјална промоција на која што го претстави неговиот прв спот, но и прв солистички албум, насловени “Eј песно наша “.
Спотот го изработија неговите соработници од ИН Продукција.
