Сузана Спасовска во изминатиот период издаде комплет од шест цд-а, заедно со монографија. Таа во најскоро време планира да промовира и ново цд кое што ќе биде насловено „Наша мала приказна“, заедно со двд цд, посветено на нејзината верна публика.

Повеќе од 30 години, познатата пејачка Сузана Спасовска нѐ прегрнува со својот убав, чист, ѕвонлив глас, со кој што отпеа стотици македонски народни и новосоздадени песни. Сузана веќе издаде комплет од шест цд-а, а во периодот кој следи ќе го промовира и својот нов носач на звук, насловен како „Наша мала приказна“, посветен на нејзината многубројна и верна публика.
-Јас имам веќе издадено шест цд-а со најслушаните песни, тоа беше пред година дена. Го спремам материјалот со двд од 30-годишнината од јубилејот, новото мое цд кое што ќе биде тројно, вкупно ќе бидат девет во комплет.-истакна Спасовска, за естрадниот магазин Естрада плус.

Минатата година, Спасовска ја објави нејзината монографија. Како што вели таа, идејата и концептот за монографијата се на нејзиниот драг пријател Дејан Величковиќ, а биографијата ја напиша д-р Александар Трајковски.
-Ја издадов и мојата музичка монографија каде што е ставено се од мојот почеток па досега. Здравје ќе има и друга, но оваа сега е многу интересна со сите слики, признанија, сите песни и цд-а кои што ги издадов досега. Се надевам дека наскоро ќе имат можност да го видите, навистина е нешто што на Балканот го нема. Голем проект кој што е и доста скап, можеби и нема зошто да се вложува толку, но јас сакам да вложувам во музиката. Некој можеби купува куќи, коли и слично, а јас сум таа која што вложува во песната, музиката, во спотовите.-додава таа, за гледачите на ИН ТВ.
Инаку, секое нејзино цд содржи песни со посебна тематика: весела, свадбарска, патриотска. Едното има 46, а другото 59 композиции, што ги одбележале нејзините 30 години на естрадата.
