Сиа се појави во маркет и ги плати сметките на сите купувачи

Please follow and like us:
Pin Share

43-годишната пејачка Сиа, која секогаш си го крие лицето зад перика, влезе во маркетот „Walmart“ и им ги плати сметките на сите купувачи.

На почетокот, никој не ја препознал, бидејќи таа не го открила идентитетот, туку рекла дека се вика Сиси и дека добила на лото.

Музичарката позната по хитот „Chandelier“ подоцна беше разоткриена од своја обожавателка, која објави видео од случката на Twitter.

View image on TwitterView image on Twitter

„Сиа плати за моите намирници денес, благодарам многу! Имаш прекрасна душа и срце што им плати на сите!! Извини што им кажав на сите кога сфатив која си!! Но, оваа добрина мора да добие признание“ – напиша таа.

Embedded video

Please follow and like us:
Pin Share