Откако ја промовираше неговата втора песна “Не плаши се”, која ја претстави заедно со спот, Живе Мешуревски работи на нови песни. За скоро време тој вели дека ќе има и негов самостоен албум.

Пред само краток период, младиот и талентиран пејач Живе Мешуревски го промовираше спотот за неговата втора песна која што е насловена “Не плаши се”. Спотот се снимаше на неколку локации во Преспанскиот регион, а го изработи ИН Продукција. Текстот за песната го напиша добропознатиот текстописец Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се дело на Дејан Момировски. “Не плаши се” е во модерен поп фолк стил, а во интервјуто за ИН ТВ Живе открива во кој правец ќе продолжи неговата музичка кариера.
-За стилот, ќе продолжам како и досега со фолк музиката бидејќи таму најмногу се пронаоѓам и тоа ме исполнува. Ја сакам македонската народна музика, посебно ја сакам и ми е драга.-вели Живе, за естрадниот магазин Естрада плус.

Младиот пејач веќе подготвува неколку нови песни, кои што ќе ги промовира во периодот кој следи, а најавува и албум во најскоро време.
-Планирам да снимам нови песни, а за скоро време ќе има и албум. Се надевам дека ќе успеам и дека ќе биде по план се како што имам замислено, па ќе видиме.-додава тој, за гледачите на ИН ТВ.
Инаку, покрај неговата самостојна кариера, Живе настапува и со групата Кода со кои има бројни настапи низ целата земја, посебно во Преспанскиот крај. За следниот период тие најавуваат заеднички видео проект со преработки на стари македонски песни.
