Борче Нечовски зад себе има богата музичка ризница

Please follow and like us:
Pin Share

Борче Нечовски е еден од најдобрите текстописци во земјава. Тој соработува со голем дел музичари од македонската сцена, а досега има напишано бројни текстови за песни кои станале големи хитови.

Веќе со години наназад важи за еден од најдобрите автори и текстописци во земјава. Борче Нечовски соработува со поголемиот дел пејачи и групи од македонската естрада, а хитовските песни кои излегле од него се навистина во голем број.

-Со сите соработувам затоа што има доста во последно време побарувачка за песни. Не можам да ги одвојувам, да не се налутат бидејќи со сите работам тоа е професионално. Така да, не би одвојувал никој. Мерак ми е што ме одбрале мене да соработува, јас го давам тоа што најдобро го знам. 

За следниот период можам да ја најавам Татијана Стефановска, Џесика е при крај, со Менде Куновски завршивме. Еве договараме нешто со Милован Секулоски и веќе не знам колку се, многу се. Сега засега тоа е најново.-истакна Борче, за естрадниот магазин Естрада плус.

Во неодамнешното интервју за ИН ТВ, Нечовски вели дека периодов има доста работа и открива дека после Новогодишните и Божикни празници ќе има нов голем проект кој што ќе биде ексклузивно најавен на сателитската ИН Телевизија.

-Сега имам многу работа, така да, до крајот на Нова Година ќе бидам малку позафатен. После тоа се спрема нешто ново кое што ексклузивно ќе го најавиме на ИН Телевизија.-додава тој, во интервјуто.

Инаку, покрај на песните од македонските пејачи, Борче Нечовски се потпишува и зад текстот на песната “Животот нема боја” од познатиот српски пејач Драган Којиќ-Кеба.

Please follow and like us:
Pin Share