Пред заминувањето за Швајцарија каде што ќе настапи на големата хуманитарна забава, Влатко Миладиноски гостуваше во ИН Продукција. При интервјуто меѓудругото ги покани сите македонци од Швајцарија да бидат дел од забавата, која што е во организација на Македонското друштво “Пирок”.

Заедно со голем број негови колеги од македонската естрада, Влатко Миладиноски ќе биде дел од големата хуманитарна забава во Швајцарија, која што е во организација на Македонското друштво Пирок, а ќе се одржи во сабота 16-ти ноември. Непосредно пред заминувањето, Влатко ни беше гостин во ИН Продукција, па еве што изјави за гледачите на ИН ТВ.
-Ова е една поголема организација, ќе ги поздравам организаторите бидејќи ова е навистина поголем залак за организирање меѓутоа се надевам дека ќе има доста гости и дека ќе поминеме како што треба во најдобар ред.-истакна Миладиноски за естрадниот магазин Естрада плус.

На социјалните мрежи деновиве, Влатко и Дамјан објавија видео на кое што пеејќи ги нивните најголеми хитови “Велат не нема” и “Тешко мина докторе” ги покануваат сите македонци во Швајцарија да дојдат на хуманитарната забава и да поминат уште една незаборавна ноќ.
-Направивме тоа да биде една несекојдневна покана, беше во мојот дом и така дојдовме до идеја да не биде секој со своети бидејќи ние сме премногу блиски, така да дојдовме до идеја така да ги смениме песните, па се надевам дека им се допадна на гледачите и се надевам дека ќе привлечеме доста гости и да биде успешна поканата.-додава тој при интервјуто.
Gepostet von Pirok Mk Club-Ch am Sonntag, 3. November 2019
Покрај Влатко и Дамјан на забавата ќе настапат Сузана Гавазова, Антонија Гиговска, Христијан Божинов Кико и група Болеро, Ален Хасановиќ, Ферус Мустафов, Орхан и Анил, гајдаџијата Јане Крстев, како и диџеј Гурумикс и диџеј Тренд. Медиумски покровител на настанот е сателитската ИН Телевизија.
