Покрај тоа што важи за докажан врвен пејач, фолкерот Влатко Алексовски значи и за многу добар гурман но и готвач. Имено сето тоа се должи на неговата втора љубов, ловот, каде што веќе повеќе од година дена е прв човек на ловечката Федерација на Македонија, а претходно беше цели четири години потпретседател. Како што сам вели, нема што немам уловено, но и сето тоа знам добро да го подготвам.
-Многу добар готвач сум. Бидејќи имаме семејна традиција. Мојот дедо долги години има држено кафеана и сите оние специјалитети што ги правеле таму, а бидејќи и тој беше ловџија, како дете сум растел со него и со тие совети и многу од тие рецепти ги имам запишано и денес кога сум слободен сакам да влезам во кујна и да ги приготвам. Најдобро што знам да спремам е ѓувеч од дива свиња, супа од фазан и каша со лук од див зајак. Тоа се моите три специјалитети, истакнува Влатко.
Како што дополнува Влатко секогаш при неговиот улов седнува со своите пријатели, роднини и другари да се направи добра гозба. Никогаш не сум седнал сам со моите да го зготвиме ловот, туку секогаш тоа го споделувам со блиски пријатели, вели Влатко.
