Супермоделката Адријана Лима (38) по неуспешниот брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ (40) повторно љуби. Таа беше снимена на Миконос во друштво на турскиот бизнисмен Емир Ујар (37).
Бизнисменот е познат како голем заводник во светот на „богатите и познатите”.
фотографијата на која Адријана и Емир се држат за раце беше објавена на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари.
Емир е потпретседател на мултимилионска компанија. Се школувал во Германија, а мастер завршил во Америка. Економистот поседува голем број компании од областа на туризмот и нафтената индустрија, но исто така и голем број скапи недвижности.
