“Ој јаворе, ти јаворе” е стара македонска песна од егејскиот крај на нашта земја, која младата Викторија Чочороска ја обработи и ја донесе преку видео запис пред помладата публика. Како што истакнува таа, посебно и е драга оваа песна бидејќи многупати ја пеела на своите настапи заедно со КУД “Дримкол” од Вевчани.
-Ја пеев во КУД “Дримкол” ни требеше за некои настапи и така ја дознав случајно пред две три години и ми стана многу драга. При првата моја средба со Николче Мицевски, таа песна му ја отпеав и решивме да ја преработиме и многу сум задоволна од неговиот аранжман и како денес излезе песната во наша изведба, истакнува Викторија.
Оваа стара македонска песна Викторија ја овековечи и преку видео запис кој исто така останува како трајна вредност во македонската музичка ризница.
-Видео записот го снимивме тука во Охрид на повеќе локации. Горно Коњскао, Шипокно, каде што е викендицата, покрај езеро снимавме. Во екипата беа Аспасија Чочороска, Розета Бебекоска, Димитар, додава Викторија.
Изминатиот период Викторија ја бележи и заедничката соработка со момците од групата “Некст тајм”во беспрекорната изведба на песната “Нешто ќе те питам бабо”
