Минатата година одбележа 40 години од својата досегашна музичка кариера како маестрален хармоникаш, а најавува дека и понатака ќе твори и созадава македонска музика. Како што истакнува големиот маестрален виртуоз во нашата земја, Милан Завков целиот овој долгогодишен јубилеј е период е на голем влог и посвета на оваа работа.
-Мене овој период ми помина многу брзо, не ги осетив тие години. Некако сакав тие 40 години да ги одбележам со еден таков јубилеј. Секако ќе продолжам и понатака со музицирање, некако има нешто што не ми дава, па здравје Боже додека ме држи здравјето и имам сили и додека сеуште ме бараат ќе продолжам да свирам. Музиката е нешто што тешко можеш да се одделиш, можам да кажам дека својата енергија, додава маестро Завков.
Секако маестро Завков не ја исклучува можноста за повторување на таков сличен концерт како минатогодишниот на кој повторно ќе го пормовира својот музички опус заедно со своите долгогодишни музички соработници.
