“Љубовта не родила” добива позитивни коментари од јавноста

Please follow and like us:
Pin Share

Пред само краток период нашата екипа беше во прилепскиот крај, а таму го затекнавме и Далибор Ѓошиќ кој беше дел од хуманитарен настан. При интервјуто Даки ги сподели импресиите од новиот спот за дует песната со Елена Јовческа, кој што веќе е пуштен во етер.

Далибор Ѓошиќ и Елена Јовческа деновиве ја промовираа нивната прва дуетска песна која носи наслов Љубовта не родила. Далибор при интервју за ИН ТВ истакна дека коментарите се доста позитивни, а се надева дека песната ќе допре до јавноста.

-Јас веќе ја објавив песната, а исто и мојата колешка Елена. Не се слушнавме бидејќи и двајцата бевме зафатени. Меѓутоа од она што успеав пред ова интервју да случајно ѕирнам во телефонот има такви прекрасни коментари и толку прегледи што искрено и јас сум збунет. Мислам дека она што го најавивме претходно дека ќе се реализира и дека ќе успееме навистина.-истакна Далибор, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Далибор не го криеше задоволството од соработката со ИН Продукција кои што го изработија видео записот и вели дека е презадоволен од крајниот резултат.

-Презадоволен сум и мислам дека направив добар потег во смисла на онаа покана што ја кажав претходно со мојата колешка. Мислам дека ќе вроди плод песната, навистина е прекрасна, љубовна, македонска песна со преубав спот. Очекуваме позитивни критики и доста настапи искрено.-вели тој.

Далибор за следниот период најавува уште една дуетска песна со Јовческа, но во помодерен стил со што би се опфатиле сите генерации.

– Најпрво да помине овој дует, да го промовираме заедно со Елена и буквално македонците насекаде во светот да слушнат за што станува збор, а за понатаму ќе оставам да ја скоцкам песната до крај за да оставам квалитетен готов производ.-додава Далибор, за гледачите на ИН ТВ.

Please follow and like us:
Pin Share