Досега ги реализира двете негови песни за кои сними и два видео записи во соработка со ИН продукција, а најавува и понатака нови песни и соработки. Веќе добро познатиот текстописец на балади Гоце Илиески-Балада, не застанува тука, после “Биди ти моја” и “Тоа остана” продолжува во насока на создавање нови балади, кои нему најубаво му лежат.

-За овој временски период од некаде 7-8 месеци со ИН продукција креиравме два музички спота, за песната “Биди ти моја” и “Тоа остана”, каде што автор сум и на музиката и на текстот, аранжманот бше на Славко Ристески. Така да во однос на овие песни во глобала сум задоволен. Ги остваривме очекувањата. Првата песна се врти на околу 7-8 радио станици, континуирано и повремено на останатите, меѓутоа во однос на песната “Тоа остана” се врти на над 15 радиостаници секој ден, посебно на локалните радио станици. Во глобала сум задоволен, истакнува Гоце.
Во погед на тоа која песна повеќе му е омилена додава дека секоја негова песна или текст е парче од неговата душа.
-Кога ме прашуате во однос на сето тоа, мислам дека пред се баладите ми се главниот фокус.
Следно Гоце најавува снимање на нова песна и спот во почетокот на месец септември.
