Саша Видиќ, познат креатор, и Цеца Ражнатовиќ беа неразделни 18 години, па многумина се изненадија кога минатата година едноставно престанаа да се дружат.
Видиќ открива дека ништо не се случило ненадејно, и дека Цеца и тој своите проблеми ги „туркале под тепих“.
Моето пријателство со Цеца беше како лош брак. Со години функциониравме лошо, така што мораше да пукне и да дојде до крај“, објаснува Саша и додава, дека покрај се, меѓу нив двајца не дошло до размена на грди зборови.
Нормално е да се разделиш со некого кога веќе не ти одговара неговото друштво. Немаше драма, солзи и расправии, престанавме да се слушаме и да се гледаме“, изјави креаторот.
