Колку помладата популација е заинтересирана за хармониката како инструмент и пројавува интерес за нејзино изучување. Одговор побаравме од реномираниот маестро Милан Завков, кој истакнува дека младите се заинтересирани во голема мера за изучување на овој инструмент.

-Има сега, можам да кажам дека задоволува бројот на млади инструменталисти. Колку што знам има добар број на хармоникаши кои пројавуваат интерес кон овој инструмент. И јас сум бил млад па сум учел од постарите па еве сега помладите учат од мене, има доста на хармоника и не само на хармоника и на други инструменти. Младите почнаа да ги изучуваат и останатите народни инструменти , што е многу добро. Порано во мое време ако си талентиран и ако имаш некој во фамилијата ќе научеше, но сега веќе е сосема поинаку вели маестро Завков.
Минатата година маестро Завков одбележа јубилеј од 40 години на македонската музичка естрада, при што најавува повторно таков настан во скора иднина.
