Последниве неколку години наназад црквата Св.Недела во Голд Кост, Австралија го добива својот ивистински сјај. Таа е целосно завршена со нејзината изградба а во периодов кој следува опфатено е внатрешното украсување односно фреско-живописување на црквата. Како што појаснува претседателот на црковниот одбор Лазар Спировски, токму за нејзиното внатрешно цртање ангажирани се зографи од Македонија.

-Тоа се зографи од Струга, Тони и Васе. Голема благодарност и до нив сакам да искажам. Луѓето се заангажираа максимално. Сите луѓе кои што влегоа во црквата и ги видоа фреските беа вчудоневиден. Се работи за нешто што ќе трае со векови и сите луѓе е гордеат со тоа што го гледаати што сега црквата го има, истакнува Лазар.
Што се однесува во поглед на црковните богослужби кои ги има во црквата, Лазар одава дека има редовен свештеник во црквата Отец Ѓорѓи Лаповски кој дошол од Сиднеј и ја понудил својата помош со цел поголема афирмација на овој голем православен храм.
-Зад целиот овој проект стои епархијата со Владиката Тимотеј кој што ни дадоа една преголема подршка и сакам да се заблагодарам од се срце и без нивна поддршка црквата не би била ова што е денес. Во последниов период има и неколку свадби, многу повеќе крштевки. Тука се работи за Голд Кост и луѓето уживаат во тој предел, додава Лазар.
Ваквите активности и заложби ќе продолжат позасилено и во следниот период, при што во најава е формирање на фолклорен ансамбал кој ќе делува во рамките на одборот, со цел продолжување и зачувување на македонската традиција и корени.
