Снежана Ѓуришиќ проговори за љубовната афера на своето момче

Please follow and like us:
Pin Share

Популарната српска пејачка на народна музика, Снежана Ѓуришиќ, веќе со недели е главна тема во српските медиуми поради наводната љубовна афера на нејзиниот партнер Вања Милошевиќ.

Пејачката за српски „Блиц“ реши за првпат да проговори за тоа, а на прашањето дали допишувањето на нејзиниот сакан со друга жена ја разниша нивната врска, таа вели:

-Секако дека не. Единствено на љубовта која е вистинска не може ништо слично да ја разниша.
Пејачката ги демантира пишувањата дека таа и нејзиниот партнер раскинале.

-Секој нека го носи својот крст на грбот. Што се однесува на Вања и мене, ние сме заедно и никогаш не сме прекинале, тврди Снежана.

На гласините дека преписките на Вања му се подметанати и дека не станува збор за неговиот профил на Фејсбук, таа одговара:

-Не би коментирала, Вања е човек кој е сериозен и кој има професија и целото тоа оди по свој тек и како Бог кажал, вели пејачката.

Please follow and like us:
Pin Share