Елена Јовческа на иста сцена со Џогани и Шемса во Швајцарија

Please follow and like us:
Pin Share

За само неколку денови, Елена Јовческа ќе отпатува за Швајцарија. Веќе се договорени три настапи, од кои едниот е во познатата дискотека Палма, каде што ќе пее на иста сцена со група Џогани и фолк пејачката Шемса Сулјаковиќ.

После подолг период, познатата фолк пејачка Елена Јовческа има покана за патување во Швајцарија, каде што засега се договорени три настапи. Таа не го криеше задоволството за ова кратко патување и вели дека нејзиниот престој таму максимално ќе го искористи.

-За првпат после подолго време ќе пеам во Швајцарија. Нема да биде само еден настап, затоа што кога дознаа дека ќе одам таму веќе станаа три настапи, морам да кажам јавно. Ќе пеам на 8-ми јуни од 08 до 12 часот во еден прекрасен хотел, па продолжувам во Диско Палма, каде што имам настап од 45 минути и другиот ден имам настап повторно од 12 до 14 часот. Колку што можам максимално ќе искористам додека сум во Швајцарија.-открива Елена во интервју за ИН ТВ.

Диско Палма, важи за една од најпознатите дискотеки во Швајцарија. Елена таму ќе ја дели сцената со група Џогани и познатата фолк пејачка Шемса.

-Да, ќе бидам со Џогани и Шемса, па мене ми е чест и горда сум што ќе пеам заедно со едни такви имиња, посебно ми е драго што ќе бидам со госпоѓата Шемса. Ќе има балканска вечер, јас на почеток ќе пеам некои македонски песна, а потоа имаме балканска забава.-вели фолкерката.

Елена ги повикува сите оние кои што ја сакаат нејзината музика и се наоѓаат во Швајцарија, да се придружат на нејзините настапи и да си поминат прекрасно.

Please follow and like us:
Pin Share