Познатиот македонски музичар Зоран Ванев, иако правеше долга пауза од седум години на музичката сцена, сепак повторно се враќа на музиката. Неговата втора љубов медицината, ја продолжува и понатака при што како доктор на науки истакнува дека и понатака ќе биде во служба на своите пациенти. На што конкретно се осврнува во својата медицинска наука тој објаснува подетално.
-Го специјализирам делот на проблемите со косата на главата, кој што имаат кружни проблеми, им паѓа косата. Многу брзо и успешно ги враќам назад сите проблеми на кожата што се. Исто така многу брзо се враќаат во првобитна положба, некој што имал со години проблеми. Како и дискус хернија, некој што имал прблеми со коски, зглобови, ‘рбет и такви работи и не само тоа туку и други останати проблеми. Малку е проблематично за луѓето во Австралија што живеат за да востановам од каде точно доаѓа проблемот, затоа што помеѓу нашата медицина и конвенционалната медицина има голема разлика во проблемите и откривањето на проблемите на самата на сржта на болеста, истакнува Зоран.
Покрај неговата матична база во Швајцарија, Зоран не ја исклучува можноста за отворање на еден таков медицински дел и во далечната Австралија. Притоа додава и тоа дека животот во Швајцарија посебно го научил на голема дисциплина и фер однос, одобено во медицинските науки кои ги студираше изминатиот период.
