Преполни работни ангажмани за групата “Дрим Тим”

Please follow and like us:
Pin Share

Периодов кој претстори “Дрим тим” ги очекува многу работа. Неодамна снимиле нов материјал како што открива хармоникашот , маестро Сашко Велков.

-До крајот на годината треба да правиме годишен концерт. Треба да правиме “Етно Балкан 2”, така што верувајте имаме многу за работа, истакнува Сашко.

Помеѓу другото овој голем маестрален хармоникаш паралелно гради и своја соло кариера, каде зад себе има издадено и промовирано бројни музички дела. Исто така годинава маестро Велков ја направи првата “Балканска инструментална вечер”, каде на едно место во Кочани се собраа елитните музички имиња како од македонската естрада така и од соседството. Едноставно се реализираше музичка вечер која уште долго ќе се памети.

Please follow and like us:
Pin Share