Младите се доста заинтересирани за македонската народна музика

Please follow and like us:
Pin Share

Во последно време, младата популација доста ја негува и бара македонската народна песна. Ова го истакна музичарот Љупчо, од групата Црешово топче, кој што работи и како професор во музичкото училиште во Прилеп.

Љупчо, член на групата Црешово топче, воедно е и професор во музичкото училиште во Прилеп и наставник по труба. Тој истакна дека од младите ученици секогаш може да се слушне нешто ново и да се добие некоја идеја кога станува збор за македонската народна музика.

-Со оглед на тоа што од пред скоро време сум и наставник по труба и иако сум наставник по класична музика, сепак нашата народна музика сите ја негуваме па дури и младите. И од секого, па дури и од најмладите можеме да научиме нешто ново и да слушнеме некоја идеја.-вели тој.

На прашањето дали младите имаат желба да го изучуваат инструментот труба, Љупчо вели дека во моментов нема некоја голема заинтересираност, но потенцира дека ќе се залага за повеќе застапеност на истиот во иднина.

-Во нашиот регион, Пелагонискиот, побарувачката за труба како инструмент не е многу застапена, но се надевам дека јас ќе бидам иницијатор да се залагам повеќе за тој инструмент. За престојниот период се надеваме на многу млади сили кои што ќе сакаат да го научат тој инструмент и ќе стане популарен во нашиот регион.-додава професорот и музичар, при интервју за ИН ТВ.

Please follow and like us:
Pin Share