По оперативниот зафат на срцето на Мик Џегер, одложената турнеја No Filter на „Ролингстоунси“ ќе продолжи и најавени се нови датуми на концертите, а Џегер објави видео на „Твитер“.
По оперативниот зафат на срцето на Мик Џегер, одложената турнеја No Filter на „Ролингстоунси“ ќе продолжи и најавени се нови датуми на концертите, а Џегер објави видео на „Твитер“.
Џегер на „Твитер“ објави видео на кое се гледа дека вежба за настапот на турнејата, и во првите 24 часа видеото е видено од 10 милиони луѓе, според портпаролот на „Твитер“.
Првите концерти ќе се одржат на 21 и 25 јуни во Солдиер Филд во Чикаго, а последниот концерт во северноамериканскиот дел од турнејата е планиран за 31 август во Мајами.