Група “Балканика” седум години со негување на македонската песна

Please follow and like us:
Pin Share

Досега имаат реализирано вкупно пет музички проекти со препеани песни, а послениот го одработија со исклучиво фестивалски песни. Групата “Балканика” од Прилеп, покрај тоа што ги продолжуваат песните со ваквите проекти туку и ја зачувуваат македонската песна. Послениот проект во кој се опфатени познати фестивалски проекти е во заедничка релација со ИН продукција, а помеѓу другото имаат и свој настап на “Гоце фест” со авторска песна пред две години.

-“Балканика” во овој состав има снимено една авторска песна за која имаме и видео запис. Пред две години настапивме на “Гоце фест”, со песна која се вика “Осми август”, посветена на прилепските бранители кои загинаа на месноста Карпалак. На тој настап зедовме награда за најдобри дебитанти. На двете песни автор сум јас, истакнува Менде.

Групата “Балканика” претежно се посветени на видео-музички проекти со препејување на македонската песна, она по што тие како група се препознатливи веќе седум години. Засега не располагаат со доволен материјал за издавање на налбум, но не ја исклучуваат таа можност во понатамошниот период да пласираат нови авторски песни на македонската музичка сцена.

Потребно е да се соберат доволно песни, па потоа да се издаде албум, вели Менде, притоа додавајќи дека не сакаат да брзаат околу создавањето на песните, туку тоа да биде постепено и пред се да биде добро прифатено од страна на публиката,додава Менде.

Please follow and like us:
Pin Share