Фолкерката Татијана на кратка турнеја во Шведска

Please follow and like us:
Pin Share

Неодамна се врати од својта кратка турнеја во Канада, па велигденските празници фолкерката Татијана Стефаноска ги помина во семејната атмосфера. За многу краток период таа најавува повторна кратка турнеја низ Европа.

-Кратка турнеја, еден концерт. Морам да најавам во Шведска во Трелеборг на 11 мај. Наредно планирам снимање спот, нова фотосесија, одамна ја најавував, меѓутоа не излезе некое поволно време за да снимам. Сега овој период се разбира веќе работам. Потоа следуваат договарања за многу свадбени и семејни веселби, било какви за летниот период кој што ќе ги има многу, истакнува Татијана.

Впрочем како и секое женско така и Татијана не остана рамнодушна на слаткиот шопинг во Канада, па се поднови со очила за сонце и чанта, кои ги сподели со своите фанови на социјалните мрежи.

Please follow and like us:
Pin Share