Кико и “Болеро” повторно заедно

Please follow and like us:
Pin Share

Фолк пејачот Христијан Божинов –Кико ја потврдува информацијата дека е повторно дел од неговата матична група, со која ја изгради својата кариера а тоа е групата “Болеро”.  Имено оваа група има бројни

хитови кои оставија голема трага во македонската народна песна и без кои неможе да помине ниту една веселба. Како што истакнуваат од групата, ваквата иницијатива за повторно спојување е по барање на публиката која е на прво место за нив.

-Публиката од нас бараше да се споиме. Не врзуваат мнгу работи, многу песни, случки, настани, патувања и турнеи. Со оглед на тоа што публиката е на прво место за нас, а ние постоиме за нив и од нив, секогаш ќе ги почитуваме нивните ставови и барања, велат од струмичката група  “Болеро”.

Покрај тоа, тие веќе имаат снимено и две нови песни од кои едната е на српски јазик а другата како пто велат е многу убава македонска песна. Инаку во траен белег на оваа група и Кико ќе останат песните “Погана”, “Тапан грми”, рефрени кои веќе се постанати антологиски во македонската музика.

Please follow and like us:
Pin Share