
Се повеќе го милува да го пее реканскиот мелос, песни кои се пееле одамнина во овој крај, но и денес иако се малку подзаборавени, фолкерот Благоја Грујовски знае да ги донесе на еден многу убав и својствен ритмички такт, пред помладата публика. Како што впрочем и самиот вели него повеќе му лежи народната музика.
-Генерално мене ми лежи народна музика. Онаа типична македонска народна музика, не мора да е реканска. Сум од тој крај, затоа луѓето ме врзуваат со тој мелос и не е случајно, затоа што јас пеев такви песни. Првите песни што ми ги правеше татко ми, беа ново создадени , но во тој рекански мелос како “Јано, Јанинке”, се спомнува таму и Радика, “Туѓино јабано”, “Невено, невен в градина”, “Марија, Маријаа”,тоа се се’ нови песни, ново создадени но правени во тој мелос. Луѓето веќе ме класифицираа како рекански пејач, истакнува Благоја.
Сепак Благоја милува да пее фолклорна музика од речиси сите краишта на нашата земја. Како што вели е типичен нарден пејач, иако имам екскурзии и во други стилови како соработка со забавни музичари , но публиката не ме доживува на друг начин туку само како ултра народњак, вели Благоја.
