Запознајте ја новата тинејџ музичка ѕвезда во Македонија

Please follow and like us:
Pin Share

Постарите не рекле за бадијала дека „крушата под круша паѓа“.

Младата Анастасија Аврамовска, внука на нашиот истакнат македонски композитор и интелектуалец, академик Ристо Аврамовски, е новата тинејџ музичка ѕвезда во Македонија, а ова се докажа на неодамна одржаниот „Охрид Фест“.

Од учеството во многу детски хорови, почнува остварувањето на нејзиниот сон за музичка кариера, дома и надвор, нешто кое е желба и цел на сите нејзини врсници, кои заедно со Анастасија оваа година направија револуција на македонската тинејџ сцена нешто кое одамна фалеше како освежување кај нас.

Следуваа многу први места на меѓународни фестивали, „Кастинг талент шоуто“, за да оваа година дебитира на „Охрид Фест“ со темата „Ти си мојот херој“, од каде си замина со две важни награди, 3-то место од жири и 2-ро од публика.

  • Музиката е мојот сон, а семејството моја најголема поддршка. Посебно се радувам што потекнувам од музичко семејство, а тоа само ме направи позрела и ми ги промени гледиштата кон музиката која сакам да ја создавам. Ова беше погоден момент да се појавам на еден од нашите фестивали, за да конечно почне и остварувањето на моите повисоки цели. Сакам да создавам убава музика и заедно со моите пријателки со кои периодов сме актуелни, дефинитивно направивме голем исчекор во размрдувањето на најискрената публика, тоа е нашата тинејџерска, на која одамна и фалеше вистинско раздвижување, бидејќи сите го заслужуваме тоа. Ете сето ова ме прави навистина среќна девојка, вели Анастасија.

По успехот и собраните награди на „Охрид Фест“, младата тинејџ ѕвезда веќе почна и со подготовките за престојниот „Мак Фест“, каде ќе ја промовира својата втора песна.

Please follow and like us:
Pin Share